Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата, порача премиерот Христијан Мицкоски, информирајќи дека денес имал средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда – борбата против корупцијата. Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот.
Испраќам јасна порака: никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот. Правдата доаѓа“, напиша тој на Фејсбук.