2
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел се сретна со новата комесарка за проширување на ЕУ, Марта Кос.
„Разговаравме за стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон ЕУ. Ние сме подготвени да разговараме за се што ќе биде принципиелно и во полза на нашата држава и во интерес на сите граѓани“ посочи Мицкоски.
Тој на својот Фејсбук објави и фотографии од средбата.