343
Денот го завршувам со посета на нашите иселеници во Хрватска, како и со посета на црквата Св. Злата Мегленска, информираше вечерва премиерот Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил.
– Имав топол пречек од парохискиот свештеник Кирко Велински и членовите на црковниот одбор во црквата Св. Злата Мегленска во Загреб. Благодарност за прекрасниот подарок со ликот на заштитничката Св. Злата Мегленска.
Се сретнавме и со македонската дијаспора со која разговаравме на многу теми како може да им помогнеме како Влада и како тие можат да придонесат за нашата заедничка татковина – напиша Мицкоски.