55
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска остварил средба со Јоханес Хан, потпретседател на Европската народна партија и еврокомесар за буџет и администрација.
„Разговараме за состојбите во Македонија и регионот. Мора да се отворат перспективите и да создаваме иднина за сите граѓани на Македонија. Време е за промени!“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Мицкоски заедно со кандидатката за претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Тимчо Муцунски, како и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија, каде што присуствуваат на дводневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП).