Власта ниту има капацитет ниту има желба да ги спроведе реформите што се важни за земјава, рекол лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на средбата која ја остварил со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.
Мицкоски и Гир разговарале за реформите кои земјава треба да ги спроведе, а кои се важни за нејзиниот пат кон Европската Унија, а тема на разговор била и актуелната политичка состојба во земјава.
„Власта ниту има капацитет, а ниту има желба да ги спроведе реформите. Наместо тоа сведоци сме на секојдневни криминални афери, високо ниво на корупција и заробено правосудство за што потврда доаѓа од релевантни меѓународни институции, но и од земји стратешки партнери на Македонија“, изјавил Мицкоски.
Лидерот на опозициската партија, како што соопштија од таму, кажал дека земјава предолго време е во безизлезна состојба во која, според него, ја довела власта и затоа повика предвремени парламентарни избори.