Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска остварил средба со Питер Бајер, пратеник во германскиот Бундестаг.
На средбата Мицкоски го информирал Бајер дека во тек е кампањата за избор на претседател на Република Македонија, а за два дена почнува и кампањата за парламентарните избори.
Мицкоски потенцирал дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова е најсериозен избор за шеф на државата, бидејќи како што рекол, Силјановска Давкова е човек со принципи која ќе успее да ја направиме Македонија горда земја како на внатрешен, така и на надворешен план.
Во однос на претседателската кампања, Мицкоски додал дека Силјановска Давкова се соочува со низа навреди и ширење на говор на омраза од страна на актуелниот претседател на државата од СДСМ, Стево Пендаровски.
Мицкоски искажал загриженост за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, додавајќи дека најнов шамар за владата на СДСМ и ДУИ е токму извештајот на Фридом Хаус во кој е нотирано дека Македонија не бележи никаков напредок во борба со корупцијата, како и дека институциите не се во служба на граѓаните.