Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
-На средбата стана збор за продлабочување на меѓусебното пријателство и надградување со нови форми на соработка во насока на исполнување на стратешките интереси на државата, како и за актуелната општествено политичка ситуација. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека во САД гледа пријателска држава која треба да ги поддржи напорите за членството во НАТО. Воедно ВМРО-ДПМНЕ се залага и за членство во Европската унија каде се потребни посериозни заложби од страна на владата особено во поглед на спроведување на реформи во судскиот систем, образованието и поголема поддршка на бизнис секторот, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во поглед на спорот за името Мицкоски ги повторил позициите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова клучно прашање, при што објаснил дека потребен е сериозен ангажман од владата наспроти јавните надавања и менувањето на позиции.