519
Христијан Мицкоски, на денешната средба со холандскиот амбсадор Волтер Пломп, истакнал дека постои недостатокот на капацитет и волја кај власта за спроведување на реформските процеси кои се клучни за влезот на Република Македонија во Европската Унија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа Влада спроведува политички прогон врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, прогон преку кој се врши преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ја посочи и корупцијата и криминалите на власта како еден од клучните проблеми со кои се соочува Македонија, посочувајќи дека постои сериозен сомнеж дека високи државни фунцкионери се вмешани во сериозни коруциски скандали“, стои во партиското соопштение.