Мицкоски на онлајн чет: Јасно и гласно кажувам дека нема да поддржиме онлајн седници на Собранието

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното Live chat на Фејсбук одговарајќи на прашање рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи онлајн седници на Собранието.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи онлајн седници на Собранието. Тоа е спротивно на Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи кршење на Уставот. Во случај кога имаме формирано Влада, во случај кога имаме владино мнозинство тие се должни да обезбедат кворум за работа од вкупниот број на пратеници. Во случајот тоа е 61 и во ваков случај тие се тие што треба да обезбедат функционалност на законодавниот дом, а не да бараат начин како да ја заобиколат таа функционалност. Така што во случајот јасно и гласно кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го крши Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи онлајн седници во собранието, вели Мицкоски.

 

Поврзани новости