Мицкоски на Ковачевски му понуди брзи избори без техничка влада

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на ТВ 24 вели дека е подготвен да разговара за измени во Изборниот законик во однос на техничката влада, како и една изборна единица се со цел да се дојде до предвремени парламентарни избори.

-Ајде луѓе да одиме на предвремени избори затоа што мислиме дека е потребно цврсто владино мнозинство, мнозинство кое што ќе биде отпорно на уцени, мнозинство кое што ќе може да ги спроведе реформите, економски политики, реформи во правосудниот сектор итн. Јас сум апсолутно свесен дека тоа во овој момент ниту за Ковачевски, ниту за луѓето околу него не е прифатливо, немојте да мислите дека јас живеам во некој паралелен свет и се надевам имам надеж дека тие наеднаш ќе седнат и ќе речат ајде да одиме на предвремени парламентарни изброи. Затоа дури сум подготвен да понудам тоа што го зборувавме и со Зоран Заев на времето, да интервенираме во Изборниот законик да го избришеме делот со техничка влада. Не мора да има повеќе техничка влада – рече Мицкоски.

Поврзани новости