Мицкоски на ифтарска вечера кај МАТТО

by fokus

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министри од Владата синоќа присуствуваше на традиционалната ифтарска вечера, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО, чиј претседател е Aјдован Адемоски, почесен конзул на Турција во Македонија, во хотелот „Хилтон“.

Мицкоски кој деновиве е гостин на слични вакви вечери, порача дека овие собири се потсетник за солидарноста, човечноста и почитта кон различностите.

„Ваквите собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста, човечноста и почитта кон различностите што не зближуваат“, напиша тој.

Поврзани новости