Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денешниот Live chat на фејсбук истакна дека, според него, треба да има еден круг на локалните избори.
-Да, сме за преференцијални листи на советниците, сме за еден изборен круг по принципот на Британскиот модел First past the post и тоа да биде прв пат аплицирано на локалните избори, зошто затоа што навистина не ја гледам смислата на вториот круг освен ако се исклучи фактот за притисоците заканите и уцените на власта, бидејќи на тој начин доколку имаме втор изборен круг за локалните избори ќе имаме сериозно трошење на државни средства во услови на државна криза во услови на пандемија – рече Мицкоски.
Одговарајќи на прашање дали ја прочитал веста за имотот на Зоран Заев на Халкидики, тој рече:
„Претпоставувам дека во сопственичкиот лист вие тешко ќе го најдете името на Зоран Заев, но истовремено сум сигурен дека во имотниот лист ќе најдете имиња кои што некако ќе можат да се поврзат со семејството Заеви. Јас навистина загрижен бидејќи ако во нешто сме први во регионот и во Европа, тоа е по криминалот и корупцијата и злоупотребата на врвните политичари. Единствен начин да овие луѓе, овие корумпирани политичари бидат поразени е на избори…“.
Воедно, тој рече дека откако се посветил на политиката му недостигаат семејството и пријателите, но посочи дека ќе им се посвети откако ќе ја поразел власта.