Мандатарот Христијан Мицкоски му порача на Нимиц дека живее во реалноста, со што му возврати на поранешниот медијатор за името, кој вчера од Атина порача дека не треба да живееме во илузии, туку да го почитуваме Преспанскиот договор, бидејќи живееме во опасни времиња.
„Излажаа народ, којшто направи, според него илузија, како ниту еден народ во Европа. Најпрво се откажа од своето знаме, потоа се откажа неколку пати од Уставот, на крајот од своето уставно име. И за жал сме во чекалната, не сме ниту на масата. Јас мислам дека треба да поведат сметка за своето поведение, кога коментираат кој и како живее во илузија. Јас живеам во реалноста, а реалноста е тешка и мачна за мене. Додека некој ужива во прва класа авионски и прекуокеански летови и во супер луксузни хотели“, изјави Мицкоски.
Нимиц кој скоро 2 децении од кариерата ја посвети на решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција, вчера во Атина доби награда за мир за Договорот од Преспа.