458
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со државниот министер за Европа на Германија, Михаил Рот.
На средбата се афирмирле добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и СР Германија, информираат од партијата.
-Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која искрено се заложува за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Истовремено, Мицкоски нагласи дека еднострано обврзувачкиот договор потпишан со Република Грција е штетен на интересите на Република Македонија и дека тој не може го поддржи, се вели во партиското соопштение.