780
Во неделата актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше реизбран за нов претседател на партијата, додека пак Димитар Ковачевски застана на тронот на СДСМ.
Запрашан дали му честитал и дали разговарал за актуелните политички случувања во земјава, Мицкоски во гостувањето во МРТ само кратко рече:
„Исконтактирав со Ковачевски и му честитав за изборот. Но ништо друго. Не разговаравме за никаква друга тема, но не очекувам драматична политика поразлична од онаа на заевизмот“, рече Мицкоски.