782
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека имотот на партијата е незаконски замрзнат, а бил стекнат со работа на граѓаните и со донации.
На прашањето дали доколу имотот се одмрзне, ќе го продадат партиското седиште, тој вели:
-Дали ќе ја продаваме или не, тоа е ирелевантно. Можеби и ќе ја продадеме и средствата кои ќе ги земеме ќе ги дадеме во добротворни цели. Постојат многу опции, може и да го изнајмиме. Ние имаме не поголем имот од тој што го има уште една партија. Тој имот не е наследен од еден претходен систем, туку е резултат на работа на граѓаните, на донации, на симпатизерите и тоа е поголема разлика.