662
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се приклучи на сеќавањата на 57 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, во кој голем дел од градот беше срамнет со земја а 1 070 луѓе го загубија животот. На социјалната мрежа Фејсбук тој напиша:
„57 години од катастрофалниот земјотрес. На овој ден да си спомнеме за оние кои ги загубија животите, но она што е поважно, да ја одбележиме победата на животот, солидарноста и нескршливата волја на скопјани градот во кој живееме да се изгради, да никне од рушевините и да продолжи да се развива. Градот убав пак ќе никне. Можеби има поубави метрополи, но ова наше Скопје е најубавото!“,