Мицкоски: Може заедно со Бошко Буха да поднесеме заедничка пријава против сите кои објавуваат прислушувани разговори

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел го повика обвинителството да испита дали и сега Зоран Заев е Бошко Буха, како што и самиот се нарекувал во 2015 година.

-Ќе помине 15 јули и ќе поднесеме пријави. Но, колку што гледам, кривичната пријава која ја поднесе господинот Заев ги опфаќа сите, па може и јас да му се придружам и заедно со Бошко Буха да поднесеме една пријава против сите оние кои реемитуваат и емитуваат прислушувани разговори, рече Мицкоски.

Поврзани новости