Мицкоски: Морам да го пофалам владејачкото мнозинство за денешната одлука за општините

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 21 зборувајќи за нивните следни чекори, го пофали мнозинството во Собранието кое денеска поддржа помош за општините.

-Денеска морам да го пофалам владејачкото мнзинство кое изгласа 50 милиони евра да им се стават на располагање на општините на водовод и канализација. Иако мнозинството од општините се раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Тука не треба да има политиканство. Исто така, и ние не планираме да блокираме закони кои се во интерес на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш во повтори ставот дека блокадата на Собранието ќе продолжи, но не на оние закони кои треба да им помогнат на граѓаните.

Поврзани новости