567
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на фејсбук објави неколку случаи, кои според него се лажни вести, а кои не го донеле животот кој го најавуваше владата на СДСМ.
-Лажни вести кои не го донесоа животот кој го ветуваа:
Монструм – лажна вест
Младенов – лажна вест
Нешковски – лажна вест
Диво насеље – лажна вест
Двојазичноста – лажна вест
Името – лажна вест
Уставот – лажна вест
Датум за ЕУ – лажна вест
Лажните вести станаа одлика на власта која е главниот извор на лажни вести. За да се смени ова треба да се смени Зоран Заев. Така ќе ја обезбедиме заедничката иднина, напиша Мицкоски на фејсбук.