Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при вечерашната посета на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода обвини дека во последно време се појавувле нарачани сведоци со кои требало да се компромитира партијата.
-Живееме во време каде власта го прислушкува обвинителство
и судство, каде имаме нарачани пресуди во духот на „Кацарска судството“, нарачани обвиненија во стилот на „Русковска обвинителството“, а од поново време и нарачани сведоци кои треба да го компромитираат ВМРО-ДПМНЕ,и така мислат дека ќе не укинат како партија, и така лажно се надеваат дека помалку ќе се збори за нивниот криминал и нивниот срам со изневерените очекувања и лажните ветувања. Така мислат ќе биде и помал оној столетен срам и болка која и ја нанесуваат на овој народ со промената на името и Уставот на земјата. Но, нема прогон, нема притисок кој може да го покрие она што станува заштитен знак за оваа влада, црнилата. Црнила преку промена на името, црнила преку уништената економија, црнила преку покачените даноци и корупцијата која цвета, порача Мицкоски.