904
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју рече дека не му пречи што Албанци се на високи позиции во власта, туку му пречи што има инфромации дека фунционерите си го делат рекетот од бизнисмените.
-Мене ми пречи кога до мене ќе дојде информација дека постои основано сомннение дека рекетот се дели меѓу Ковачевски и Крешник. Кога ќе дознаам дека рекетот кој го зимаат од бизнисните го делат. Што се однесува до албанофобијата која се обидуваат да ја наметнат, тоа е начин да на местото на чесните луѓе, да останат оние кои делат рекет. Имам сведочења од бизнисмени дека се жртви на рекет на функционери од ДУИ, рече Мицкоски.