2
На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, изјави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности – рече Мицкоски.
Тој рече дека дека го задржуваат правото да предложат имиња за кои мислат дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.
Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.