Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали е доволен новиот сет мерки на Владата за да се надмине енергетската и економската кризата во која се наоѓа државата, истакна дека сетот мерки е задоцнет и нема драматично да ја подобри состојбата со кризата, туку дополнително создава фрустрации кај народот и некој не верува во капацитетите на Владата.
„Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не успеаја да се надминат себеси и тогаш да ги прифатат.
Еве сега малку модифицирани ги доставија до парламент ги поддржавме, иако се задоцнети иако знаеле пред 4 месеци дека до ова ќе дојде вистинското прашање е зошто не се подготвиле и што навремено не реагирале туку чекаа по инерција и задоцнето да се случи ова што денеска се случува. Така што не мислам дека се на време и не мислам дека драматично ќе ја подобрат состојбата, напротив го фрустрираат дополнително народот и никој денеска не верува во капацитетите на оваа Влада“, нагласи Мицкоски.