Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази задоволство што со своите соработници утрово помина неколку часови во природа, на Водно, на марш по повод вчерашниот Ден на планетата Земја.
„Денеска е денот, како што кажа Тони, односно да бидам попрецизен, вчера беше денот, но ние денеска го одбележуваме практично денот на планетата Земја со овој симболичен марш од неколку километри кои што траеше повеќе од еден час.
И мислам дека даваме добар пример за сите оние наши сограѓани кои што сакаат да се рекреираат и сме мотивација да ги поканиме и да ги мотивираме да ни се придружат во деновите кои што следат, нормално во текот на работната недела, имајќи во предвид време не може да си одвои секој поради работните обврски. Но преку викенд е здраво да се спортува и да се рекреира во планина, рече Мицкоски од пред комплексот Македонско село.