Барањето за предвремени парламентарни избори и датумот за почеток на преговори со ЕУ не се поврзани, затоа што избори треба да има што поскоро, бидејќи владата на Заев беше делегитимирана, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Македонскиот народ, посочи, заслужува датум за почеток на преговори и големо ќе биде разочарувањето ако и сега нема датум.
– Јас сум оптимист за декември и сакам да се случи датумот, овој народ го заслужува тој почеток на преговори. Не е прашање дали Димитров ќе ги брои неделите или месеците кога ќе се случи тој датум. Во Брисел треба се состане Европскиот совет, да заборави на уцените кои доаѓаат од кај нашиот источен сосед и иднината која што треба заеднички да ја градиме во Европа, а не да се враќаме два века наназад, изјави Мицкоски.