Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во своето интервју за централниот Дневник на телевизија Сител, јасно ги изнесе своите ставови во врска со заклетвата и употребата на уставното име на државата.
Мицкоски рече дека заклетвата ќе биде во согласност со уставното име на Република Македонија, нагласувајќи ја важноста на почитувањето на Уставот и законите. Тој додаде дека во секојдневната употреба ќе го користи името „Македонија“, потврдувајќи го својот став за заштита на националниот идентитет.
„Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на правната држава и примената на законите од страна на сите граѓани, вклучувајќи ги и политичарите.
Мицкоски дополнително објасни: „уставното име на државата е јасно, не треба сега тука ние да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име тоа е со придавката“.
Со ова интервју, Мицкоски испрати јасна порака за неговата визија и определба кон почитување на правниот систем и уставот на Република Македонија, како и за поддршка на националниот идентитет и гордоста на македонскиот народ.