Христијан Мицкоски промаши сѐ што предвиде во делот на енергетиката, ниту едно негово црно сценарио не се оствари“, се вели во утринското соопштение на СДСМ.
Од таму велат „Мицкоски ја плашеше јавноста дека енергетскиот систем бил пред колапс, дека ќе има рестрикции на електричната енергија“.
Според нив „лажеше Мицкоски дека цената на струјата ќе поскапи за над 50 отсто, дека во државата нема доволно гас и енергенси, сите овие лаги на Мицкоски паднаа во вода“.
„Со одговорните мерки и политики на СДСМ денес енергетскиот систем функционира беспрекорно“, велат од СДСМ и додаваат дека „сите домашни капацитети за производство на струја се во функција, што резултираше со зголемено производство на електрична енергија за 40 отсо само во почетокот на оваа година“.
„СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи продолжува да вложува во енергетскиот сектор и да ја зајакнува енергетската независност на државата, Мицкоски останува докажан непознавач на енергетските политики“, стои во соопштението на владеачката партија СДСМ.