Мицкоски: Ковачевски предложи широка Влада со пет ресори за ВМРО-ДПМНЕ, реков во ред, ама без ДУИ

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на лидерската средба со првиот човек на СДСМ, премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите го повтори ставот за уставните измени. Тој му рекол на Ковачевски дека 44-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатат отворање на Уставот под диктат.

„Разговаравме за предлози кои што ги даде Ковачевски и би го издвоил: во рамките на Парламентот да почне дискусија и се изгласа потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што од 10-те ресори кои ги има СДСМ, 5 да бидат на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори. Денес добивме потврда дека преговорите со ЕУ не почнале, но ете со прифаќањето на измените потоа да бидат затворени можеби едно, две или три поглавја. На оваа понуда која што е позиција на Ковачевски, кажав во ред и реков дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвен во Влада со СДСМ и останатите партии, но без учество на ДУИ, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости