Активна блокада на Собранието не подразбира блокирање на законите што се од интерес за граѓаните. За граѓаните нема да биде страшно, туку ќе биде страшно за СДСМ и ДУИ, вели лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во Топ тема на Телма.
„Ние бевме многу внимателни и чекавме и 100 дена да поминат. Сите не прашуваат зошто сте толку мирни? Сега на нас ни викаат, они си ја добија владата, вие општините и сите крадете. Сите сте исти. Не сме сите исти. Ковачевски што мислеше дека со тоа што ме одби за лидерска средба ќе покаже дека е некој мачо политичар. Тој пр што го советува тоа, треба да знае дека е многу лошо. Јас не го уценувам Ковачевски. Тоа не е мојот карактер. Имаше на времето еден политичар што уценуваше друг политичар. Јас не сум таков. Спремен сум да разговарам на сите теми“, вели Мицкоски.