Мицкоски: Ковачевски да покаже од каков материјал е направен!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција побара предвремени парламентарни избори во мај-јуни, а свикување на техничка влада во февруари или март месец.

Тој неколкупати се обрати кон новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски да се покаже пред јавноста и да излезе од сенката на Зоран Заев.

„Апелирам на разум и одлуки кои се базираат на тоа што е најдобро за народот и државата. Новиот премиер треба да добие изборен легитимитет, да се појави пред народот. Ковачевски треба да покаже од каков материјал е направен. Во спротивно ќе биде во гнездото во кое седи Зоран Заев“, истакна Мицкоски.

 

 

Поврзани новости