Мицкоски: Ковачевски ако не се согласува со својот закон за амнестија нека си даде оставка

by Fokus

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за ТВ21 вели дека ако премиерот Димитар Ковачевски не се согласува со законот за амнестија нека каже и нека си даде оставка. 

-Со овој закон излегуваат на слобода помагачите од  случајот Монструм, вака како што е скроен, изјави Мицкоски. 

Тој рече дека е нечесно Ковачевски да рони солзи во јавност, а ништо да не превзема.

-Повторно ќе кажам ако јас со нешто не се согласувам заминувам, гледам дека не можам да променам, се борам, гледам дека не можам да сменам заминувам, изјави Мицкоски.

Тој рече дека тие како ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат законот за амнестија.

– Се дава амнестија за тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, против правно лишување од слобода, грабнување, мачење и другo сурово нечовечно или понижувачко постапување и казнување, малтретирање во вршење на служба, загрозување на сигурност, нарушување на непроверливост на домот, злоупотреба на лични податоци, повреда на работа од работен однос, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, одземање на малолетник, запуштање и малтретирање на малолетно лице, пренесување заразна болест, неовластано производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и  останато, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето и така натаму, узурпација на недвижности, мачење животни, кражба, предизвикување тешка гражба, безсправно грдење, уцена, измама, лихварство, рече Мицкоски.

Според него, доколку Ковачевски не се согласува со овој закон можел на владина седница да каже дека овој закон не го става во собраниска процедура.

-Овој закон  дошол на владина седница и на владина седница можел тоа да го постави како прашање, ако бил толку многу загрижен и тогаш можел да каже јас овој закон не го ставам во собраниска процедура додека ова не се тргне од законот, додаде Мицкоски.

 

Поврзани новости