20 години присуство на ДУИ во владата е предолг период, треба да се даде можност и прилика и на други. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Алфа.
-Консолидираната група на политичари и политички субјекти кои ќе се спротивстават на ДУИ на следните избори ќе постигне добар резултат. Барем нашите анализи се такви. Мислам дека тие малкумина во раководството на ДУИ по следните парламентарни избори ќе бидат изненадени непријатно од резултатот и ценам дека бројот на пратеници на тој консолидиран блок кај Албанците во Македонија заедно со останатите етнички заедници може да состави бадентерово мнозинство во парламентот, изјави Мицкоски.
Во однос на избори Мицкоски изјави дека има три опции, првите две претседателски во март, а парламентарни во јуни, или едни заеднички, според најавите од владата, но трета опција е брзи избори оваа есен.