Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на градот Прилеп, каде што даде и своја изјава и одговори на повеќе новинарски прашања меѓу кои и на прашањето за односот со Република Бугарија и средбата помеѓу Радев и Пендаровски.
„Република Македонија треба да отпочне безусловни преговори за влез во ЕУ уште во јуни месец, бидејќи тоа не е нешто кое што Република Македонија го бара како милостина, туку таа тоа го заслужува“, истакна лидерот на опозицијата.
Мицкоски од Прилеп му порача на Зоран Заев да не си поигрува со идентитетот на граѓаните на Република Македонија и да не се обидува повторно да потпишува договори и преговори во кои во било каква реченица ќе се негира македонскиот идентитет и постоењето на македонската историја, бидејќи тогаш капитулацијата ќе биде дефинитивно потпишана, а оттука враќање нема.