Мицкоски кон Заев: Ќе ги исправиме сите твои историски грешки штом те поразиме!

by Fokus

Откако премиерот Заев порача дека е подготвен од спомен-плочите на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“, да го тргне „бугарски“, со реакција се јави и претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Како што порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, тој е подготвен да ги исправи сите грешки на премиерот Заев штом биде поразен.

„А јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.

Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме!“, истакна Мицкоски.

 

 

Поврзани новости