Мицкоски кон СДСМ: Доаѓа вашиот крај, доаѓа одговорноста за вакцините

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјални мрежи порача дека владејачката СДСМ ќе одговара, за како што рече, состојбата со вакцините, срамот и предавствата кои се случиле.

„Доаѓа вашиот крај, доаѓа одговорноста и за вакцините, и за софтверите, и за рекетот, и за срамот и предавствата. Едно по едно. Да тежи, и да се знае, и никој повеќе во политиката да не му падне на памет да биде како вас!“, истакна Мицкоски.

 

Поврзани новости