729
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека нема оправдување за тоа што не бил поканет на годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.
-Луѓето се трудат што е можно повеќе да избегаат од мене, зашто се плашат. Вие не можете да го игнорирате лидерот на опозицијата. Не можете да се правдата со протоколот, вие го правите протоколот, се друго се празни извинувања.
А, Пендаровски се уште не е излезен од чевлите на портпарол на СДСМ, смета Мицкоски.