Мицкоски: Комисијата за заштита од заразни болести да не исполнува желби на Заев и Шекеринска, туку да се грижат за здравјето на граѓаните

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во пресрет на состанокот на Комисијата за заштита од заразни болести, најавен за утре, порача членовите да се предводат од заклетвата којашто ја дале како лекари, а не од, како што кажа, желбите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска, а во врска со одредување на датумот за избори.

-Јас сум сигурен дека, доколку Филипче и останатите одлучат да постапат како лекари и луѓе коишто навистина се грижат за здравјето на граѓаните, немам дилема дека ставот ќе биде поразличен од оној на желбите на Зоран Заев, Радмила Шекеринска и ова раководство на СДСМ, рече Мицкоски.

Тој го повика и министерот за здравство Венко Филипче да не ги форсира желбите на челниците на СДСМ – Зоран Заев и Радмила Шекеринска за брзи парламентарни избори, бидејќи како што вели тој, се уште се отвораат жаришта од епидемијата во Македонија.

– Масовен скрининг па да излеземе со став какви се условите, денеска добив информации дека следно жариште градот Велес. Ако утре членовите на Комисијата за заразни болести одлучат да постапат како лекари, немам дилема дека ставот ќе биде поразличен од желбите на Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Во спротивно, тие ќе речат дека не постои никаква опасност и дека рзеултатот е ист како состојбата пред пандемијата, рече Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициска партија се согласува со ставот дека прво треба две недели по ред да има едноцифрен број на новозаболени од Ковид-19, па да се планираат изборите. Денес бројот на новозаболени беше 33.

Поврзани новости