39
Денеска граѓаните се тие кои што одлучуваат за иднината на своите семејства, иднината на Македонија, иднината на своите деца, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денес го искористи гласачкото право.
-Повикувам на масовна излезност, ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат и заеднички да ја определиме траекторијата по која што Македонија ќе се движи во иднина. Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат, толку промените ќе бидат посилни – рече тој.