„5+1, 6-2, 12+3 или како сакате наречете ги тие иницијативи, тоа е парадата позади завесата, приличен јасен бев, стои документ кој што тие го нарекуваат Резолуција на бугарскиот парламент. Тоа е основата, тоа е суштината на проблемот. Овие иницијативи 5+1, 2+3, 3-1, ако сакате да бидеме наивни или да се правиме наивни тогаш да веруваме. Тоа е фолклор, суштината е позади завесата, тоа е Резолуцијата која ја имаат склопено во парламентот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио.
Мицкоски додаде би било добро министерот за надворешни работи да ги информира пратениците што се преговара со Бугарија, за да се реши спорот.
„Ако ме запрашате што може да направи ВМРО-ДПМНЕ од оние информации со кои што располага, пратеникот Милошоски кој што претседава со Комисијата за надворешни работи во рамките на Собранието веќе има упатено покана до министерот за надворешни работи, Османи да дојде и пред пратениците да објасни во каква насока ја води дипломатијата и да даде определени детали од договорот што вие го рековте позади завесата за кој што веќе се преговара и лиферуваат определени документи итн. И да каже, и добро е да каже колку пари народни потроши од Бучковски патувајќи наваму, натаму изминатава година, затоа што очигледно е дека тие патувања претставуваат мини екскурзии без никаков бенефит за граѓаните“, појасни Мицкоски.