485
По неофицијалната информација дека СДСМ нема да прифати предвремени парламентарни избори, со своја рекација на Фејсбук излезе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема! СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, напиша Мицкоски.