Кризна состојба e чекор назад во борбата против КОВИД-19, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по најавите на власта за прогласување на кризна состојба.
-Пред 8 месеци предложив воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло со помали шанси за злоупотреба. Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Стево Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава. Инаку, тогаш прогласувањето на вонредна состојба која е непрецизно регулирана им даде можност за масовни злоупотреби во пресрет на изборите, легализиран поткуп во форма на картички за еднократна употреба, субвенции, дотации, кои беа директен поткуп, а не помош. Денес кога парите се потрошија, потрошија 2 милијарди евра, кризата со Kовид не се намали – вели Мицкоски.
Според него, кризната состојба нема да биде искористена за вистинска борба против Ковидот, туку за замајување на јавноста.