Премиерот Мицкоски најавува реакција од Владата по бранот поскапувања на одредени артикли во супермаркетите. Како што рече тој, кај дел од производите се забележува зголемување на цените и до 25 насто.
Мицкоски, без да прецизира кои мерки би можеле да бидат применети, рече дека реакција ќе има уште од денеска.
„Тоа што тие мислеа дека ќе нѐ надмудрат и си играат со трпението на граѓаните и на Владата, мислам дека не е добро и мислам дека треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување пред празници. На одредени продукти до 25% се зголемени цените. Тоа е неетичко и нечовечно однесување. Уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, а ако продолжат вака, таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот што следува“, рече премиерот Мицкоски.