Мицкоски ќе празнува во Ташмаруништа: Борбата за слобода продолжува

by Frosina Fakova

По повод државниот празник 2 Август – Илинден, покрај делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски која ќе биде присутна во село Ташмаруништа, Струга почнувајќи од 10:30 часот, делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе положат цвеќе на повеќе локации каде празникот ќе се одбележува.

– Борбата за слобода има константа, се крена илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната. Треба да ги чуваме илинденските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. Европската Унија се уште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општествито. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува. Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат, пишува Мицкоски во честитката за Илинден.

Поврзани новости