Премиерот Христијан Мицкоски, најави тужба против Славјанка Петровска, по нејзините обивинувања дека тој извршил убиство.
„Не и е првпат на Славјанка Петровска да нанесува удар на мене и моето семејство. Таа мене за жал монструозно ме обвини. Тоа јас го составам на нејзината чест и совест. Не сакам да навлегувам во длабочината на нејзината мисла. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба бидејќи би сакал органите, судот, до крај да го расветлат ова, да видат со какви докази располага Петровска, дека јас сум нарачувал убиства. Јас имам семејство, тоа фунцкионира низ градот. Не би сакал да се најде во непријатна состојба, бидејќи би рекол, одредени политичари се обидуваат да спечалат некој политички поен. Не и е првпат и не верувам дека и е последен“, рече Мицкоски.
Петровска утрово објави фотографии од премиерот Мицкоски заедно со Борис Мутков – Фантом, кој според Петровска е лик познат во подземјето.