Мицкоски: Ќе почнеме со ветинг на политичарите, се пријавувам прв за проверка

by Фокус

Ја чувствувам енергијата на промени, дека народот сака овој пат да си ја врати државата која му беше киднапирана. За тоа да се случи потребно е на 15 јули масовно да излеземе и да го заокружиме редниот број 14 за победничката листа на коалицијата за „Обнова на Македонија, изјави од Карпош лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Ние нема да почнеме со ветинг од судството. Ќе почнеме со ветинг на политичарите. Да видиме кој политичар како се богател и неколкупати го зголемувале сопствениот капитал. Секој да се провери. Јас лично прв се пријавувам да бидам подложен на ветинг, ама потоа ќе продолжиме со сите – изјави Мицкоски.

Поврзани новости