Македонија стагнира, нема проекти, нема работа, ништо не се создава, а тоа се должи на неспособноста на оваа власт во секое поле, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој најави нов пристап со тоа што ќе оди на терен во градови и села за да го чуе гласот на народот.
-Македонија не може да си дозволи уште една изгубена генерација. Од денеска ќе одиме на теренски посети да го слушнеме гласот на народот. Салонската политика е едно, а вистинската слика лежи меѓу граѓаните – порачува тој во видеото објавено на неговиот фејсбук профил.
Македонија тоне, народот не гледа перспектива. Од денес почнувам со посети на терен, да го чујам гласот на народот, затоа што заслужува подобро!
Publiée par Hristijan Mickoski sur Mardi 13 mars 2018