Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја предводи партиската делегација на отворањето на македонскиот кулутрен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, потврдија од партијата.
Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ја одби поканата на организаторите, но ги повика сите оние кои имаат можност в недела да бидат во бугарскиот град, бидејќи како што рече, отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите.
Иницијативата за постоење на клуб „Никола Вапцаров” е на македонска организација од дијаспората, но Ковачевски најави и владина активност за отворање на македонски центар во Благоевград.
Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска, која денеска беше на прием во бугарското МНР по повод именувањето на функцијата.