Овие денови најавија лидерска средба. Немам, да бидам искрен, голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата, затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија, сметам дека е потребно да се учествува. Воедно, на таа средба, сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат, тоа ќе значи пад на власта, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Делчево.
Мицкоски исто така порача дека никој, „ама баш никој не може да го убеди да го погази својот македонски идентитет по ниту една цена“.
-И никој, никој не може да ме убеди дека уставните измени сега, се единствено решение. И тоа е факт. Не поминуваат приказните сега или никогаш. Бидејќи досега слушнавме сто пати – сега или никогаш, и ништо не се случи. И знам дека може поинаку, може подобар договор, ама исто така знам дека ваква неспособна Влада не сме имале никогаш досега. И не дека не може подобро, туку толку знаат и умеат. И затоа треба што побрзо да си одат од власт, бидејќи не осиромашија, не понижија и уште не понижуваат, рече Мицкоски.