Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави протестен марш во Струмица оваа недела. Маршот ќе започне во 13 часот, по шеталиштето па се до општината Струмица, а собирно место е паркот во Струмица.
-Јас влегов во политиката со чиста мисла и со надеж дека ќе оставам зад себе нешто добро за нашата заедничка иднина како држава. Да ја победиме неправдата и да се чуе тој пркосен глас кој силно вриска во вашите срца и да кажеме ДА МОРА ПОДОБРО! Јас како и многумина од ВМРО-ДПМНЕ сме одлучни дека ќе одиме до крај и нема назад се до конечната победа која ќе и донесе победа на Македонија. Време е да се чуе нашиот заеднички глас и затоа продолжуваме со борбата за Македонија. И затоа Ве повикувам на протестен марш во Струмица. Заеднички сложно одлучно, како и многупати што ќе се сретнеме, обединиме, собереме ова лето за Македонија ќе кажеме МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ! – порача Мицкоски.